ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА
ЈП Градски Паркинг- Скопје е јавно претпријатие формирано од Град Скопје.
Постои со цел да го организира паркирањето, да управува, уредува и одржува паркинг места во градот.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски Паркинг- Скопје е правно лице основано заради вршење на дејност од јавен интерес од областа на сообраќајот како стопанска дејност со Одлука на Совет на Град Скопје број 09- 3080/1 од 20.10.2003 година. Во Трговскиот регистар при Основен Суд Скопје 1 во Скопје е запишано под трг. број 4500/03 од 13.11.2003 година.
ОРГАНИЗАЦИЈА
Претпријатието е организирано во рамки на сектори според однапред утврдена Програма и План за работа. Го сочинуваат следните сектори (мапа на внатрешната организација):
-
Сектор јавни паркиралишта;
-
Сектор пајак;
-
Сектор економиja
-
Сектор за правни и општи работи и
-
Сектор за маркетинг и комерција.
Јавното претпријатие настојува да го организира сообраќајот во мирување во градoт Скопје. Во вршење на јавна функција, Претпријатието внесe нов однос и начин во комуникацијата со граѓаните.
Програмата за работа на ЈП Градски Паркинг- Скопје е финансирана од сопствени извори на приходи по пат на наплата од: паркиралишта и од неправилно или непрописно паркирани возила како и хаварисани возила и возила паркирани во зелен појас. |