EN МК
Прва страница За нас Контакт Мапа на сајтот
 
зонско паркирање  >  потребни документи при аплицирање за услугата

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Потребни документи за корисниците на услугата паркирање во зона за физички и правни лица кои со своето седиште односно, живеалиште не гравитираат во зоната се следни:



1.1 за физичко лице:
- пополнет образец на Барање за користење на услуга паркирање во зона
- лична карта (фотокопија, оригинал на увид)
- сообраќајна дозвола од возилото (фотокопија, оригинал на увид)
- пополнета Согласност за користење на лични податоци


1.2 за правно лице:

- пополнет образец на Барање за користење на услуга паркирање во зона
- Тековна состојба од Централен Регистар на Р.М. (фотокопија, оригинал на увид)
- Список на сообраќајни дозволи од возилата (фотокопии од сообраќајните дозволи во прилог)


2. Повластени услови за паркирање во зона
стекнуваат оние категории на корисници кои со своето живеалиште (станари) или седиште (физички и правни лица) гравитираат во зоната односно, подзоната. Потребни документи кои барателот на услугата треба да ги достави до Секторот за грижа на корисници заради стекнување со повласени услови за паркирање во зона се:

2.1 Документи кои што корисникот на услугата паркирање во зона или зонско паркирање треба да ги достави до Претпријатието заради стекнување со повластени услови за паркирање во зона, за категоријата СТАНАР се следни:

- пополнет образец на Барање за стекнување со повластени услови за паркирање во зони
- лична карта (фотокопија, оригинал на увид)
- сообраќајна дозвола од возилото (фотокопија, оригинал на увид)
- пополнета Согласност за користење на лични податоци

(за да се утврди статусот станар потребно е адресата од важечката лична карта и адресата од важечката сообраќајна дозвола на возилото да се совпаѓаат)

Повластен паркинг билет за станари со идентична адреса на живеење, значи во случај доколку се појават две лица со иста адреса на живеење, може да биде издаден најмногу за две возила.


2.2 Документи кои што корисникот на услугата паркирање во зона или зонско паркирање треба да ги достави до Претпријатието заради стекнување со повластени услови за паркирање во зона, за категоријата ФИЗИЧКИ ОДНОСНО ПРАВНИ ЛИЦА се следни:

- пополнет образец на Барање за стекнување со повластени услови за паркирање во зони
- Тековна состојба од Централен Регистар на Р.М. (фотокопија, оригинал на увид)
- Список на сообраќајни дозволи од возилата (фотокопии од сообраќајните дозволи во прилог)

(Правните лица со седиште во рамки на зоната односно, подзоната се стекнуваат со повластен паркинг билет доколку адресата од сообраќајната дозвола е идентична со седиштето од Решението за упис во Централен регистар на РМ како и во случај кога подносителот бара користење на површините за паркирање за возило под лизинг.)

Повластен паркинг билет за оваа категорија корисници на услугите се издава за најмногу  три возила.