EN МК
Прва страница За нас Контакт Мапа на сајтот
 
зонско паркирање  >  опфат на површината на Проектот

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ

Oпфат на површината на Проектот за зонско паркирање

Проектот за зонско паркирање е предвидено да ја опфати целата територија на градот Скопје. Првите три зони кои го чинат јадрото или централното градско подрачје, се протегаат во рамки на сообраќајниците:

- од северната страна- булевар Илинден
- од западната страна- булевар Франклин Рузвелт
- од југоисточна страна- булевар Кочо Рацин
- од јужна страна- булевар Митрополит Теодосиј Гологанов


ПРЕДВИДЕН ОПФАТ НА ЗОНИТЕ ПО УЛИЦИ 

ЗОНА А: прва, црвена зона, мал ринг, се простира помеѓу јавните сообраќајници:
- од север булевар Гоце Делчев
- од запад булевар ВМРО
- од запад улица Даме Груев
- од југ улица Војвода Васил Аџиларски
- од исток улица Стив Наумов 

ЗОНА B: втора, жолта зона, помеѓу сообраќајниците:
- од север булевар Гоце Делчев
- од запад булевар Св. Климент Охридски
- од југ улица Мито ХаџиВасилев Јасмин
- од југоисток булевар Кочо Рацин
- од исток булевар Крсте Мисирков 

ЗОНА C: трета, зелена зона:
- од север булевар Никола Карев
- од запад улица Франклин Рузвелт
- од југ улица Васил Ѓоргов, улица Железничка, булевар Македонија (до т.н. Рампа) и Трета Македонска бригада
- од југоисток булевар Крушевска Република
- од исток улица Владимир Комаров (на потегот паралелно со Транспортен Центар) и улица Беласица

ЗОНА D: четврта, бела зона:

оваа зона е предвидено да го опфати преостанатиот дел од територијата на градот односно, Населбите и Општините кои се поодалечени од Централното Градско Подрачје: Општина Аеродром, Општина Кисела Вода, Општина Чаир, Општина Карпош, Општина Ѓорче Петров.


ФАЗИ НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ/ ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ

Проектот за зонско паркирање во град Скопје, централното градско подрачје го групира во три зони: А (црвена), B (жолта) и C (зелена) зона. 

Првата фаза од имплементација на проектот опфати три, веќе постоечки, паркинг простори поточно, сервисни улици (во проектот одбележани како A3, A4 и B2 и исто така ќе може да ги забележите на информативните табли): 

1. два во првата А зона:
A3- паркинг просторот Даме Груев 1 на ул. „Даме Груев“ пред Полициската станица Беко и
A4- паркинг просторот Даме Груев 2 на истата улица зад Собранието на РМ 

2. еден во втората В зона:
B2- паркинг просторот Мито ХаџиВасилев Јасмин- Бристол 1, зад Хотел „Бристол“

Втората фаза од воведување на Проектот го опфати делот во Населба Дебар Маало и тоа:

C11- улица Орце Николов- на потегот од Св. Климент Охридски се до ул. Франклин Рузвелт;
C15- улица Ѓуро Ѓаковиќ  и
C17- улица Ленинова- на потегот од бул. Илинден до ул. Ч. Миндеровиќ
сите три јавни површини кои влегуваа во Проектот за зонско паркирање спаѓаат во третата зелена C зона.
Во оваа фаза се уреди и оспособи и паркинг површината на булевар ВМРО т.н. Агромеханика или зона C50.

Во третата фаза се бележи белата зона и тоа во делот на Општина Аеродром. Од предвидените четири зони:
D1- Т.Ц Скопјанка
D2- Т.Ц. Три Бисери
D3- Т.Ц. Бисер и
D4- Веро
досега се уредени делот кај Т.Ц. Бисер и зад Веро (кај Рударски Институт).

Во понатамошното имплементирање на Проектот за зонско паркирање се оспособија и подзоните:
А5- Орце Николов (мал ринг)- на ул. Орце Николов, делот од бул. ВМРО до Плоштад Македонија
А6- Максим Горки- која ги опфаќа улиците „Максим Горки“, „27 Март“, „8-ма Ударна Бригада“ и улица „ Скопска“

мапа