EN МК
Прва страница За нас Контакт Мапа на сајтот
 

ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ

НОВИНИ ВО ВРСКА СО ПРОЕКТОТ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

Покрај воведувањето на четврта бела Д зона се воведоа и повластени услови за паркирање на правните лица кои гравитираат во зоната.

Проектот за зонско паркирање во градот Скопје се прошири со уште една, четврта, бела Д зона. Оваа нова, бела зона, ќе ги опфати малку пооддалечените населби или Општини како Населба Аеродром, Населба Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Населба Кисела Вода и сл.


Белата зона, е предвидено да биде како и третата зелена зона во однос на дозволеното време на користење на услугата паркирање во зона односно, без временско ограничување во задржувањето, иста цена за посетителите кои не се корисници на привилегираните услови за паркирање во зона но, за разлика од неа- со пониска цена за категоријата станар: 100 денари месечно за прво и 300 денари месечно за второ возило.

Цената на месечниот билет за физички и правни лица е 1.500,оо денари, додека за оние правни лица кои гравитираат во зоната и кои со тоа се стекнуваат со повластени услови, цената е 750,оо денари од месец.

Засега, белата зона се имплементираше во некои делови од Населба Аеродром каде се поставија и два инфо киоска (еден зад пазарчето кај Т.Ц. Бисер и еден зад Веро) кои работат во две смени, од 07:00 до 21:00 часот и имаат за задача да ги информираат граѓаните како и да соберат комплетна база на податоци за сите можни корисници на повластени услови за паркирање во зони односно, за категоријата станар како и за категоријата правни лица кои гравитираат во зоната.

Досега, со работа се започна во подзоните Д3 и Д4 односно зад Т.Ц. Бисер и кај Веро зад Рударскиот Институт. Кон оваа зона ќе се приклучат и делот кај Т.Ц. Скопјанка, Т.Ц. Три бисери потоа, во Општина Карпош е предвидено да биде уреден делот пред Т.Ц. Лептокарија, во Општина Чаир ќе се бележи делот кај Т.Ц. Мавровка, во Општина Кисела Вода белата зона ќе започнува од т.н. потег Рампа итн.