EN МК
Прва страница За нас Контакт Мапа на сајтот
 
зонско паркирање  >  цени на паркирањето во зони

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ

ЦЕНИ НА ПАРКИРАЊЕТО ВО ЗОНИ

 

Согласно Ценовникот на Јавното Претпријатие односно, Одлуката за утврдување на Ценовникот на услугите на  ЈП Градски паркинг- Скопје (донесена на седница на Управниот Одбор на Претпријатието со број 02-1181/8 од 17 Декември 2009 година) и Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на Ценовникот на услугите... (донесена на 12- та седница на Совет на Град Скопје, одржана на 29 и 30 Декември 2009 година со број 07- 5109/1), цената на услугата за паркирање на патнички моторни возила на јавните површини наменети за паркирање односно оние јавни површини на кои се применува зонското паркирање, се утврдени на следниот начин:

- месечна претплата за физички и правни лица (кои со своето живеалиште- станари, или седиште- правни субјекти, не гравитираат во зоната односно, подзоната (суб- зоната), по зони, изнесува:

1 (A) ---  6.000,оо денари
2 (B) ---  4.000,оо денари 
3 (C) --- 3.000,оо денари 
4 (D) --- 1.500,оо денари 

- месечна претплата за повластено паркирање на физички и правни лица кои гравитираат во зоната односно подзоната (суб- зоната), по зони, изнесува:

1 (A) ---  4.000,оо денари    
2 (B) ---  2.000,оо денари
3 (C) --- 1.500,оо денари      
4 (D) ---    750,оо денари

- месечна претплата за повластено паркирање на категоријата станари, по зони, изнесува:

1 (A) ---    200,оо ден. за прво возило/ 400,оо денари месечно за второ возило
2 (B) ---   200,оо ден. за прво возило/ 400,оо денари месечно за второ возило
3 (C) ---   200,оо ден. за прво возило/ 400,оо денари месечно за второ возило
4 (D) ---   100,оо ден. за прво возило/ 300,оо денари месечно за второ возило

- Доплатна карта за пречекорување на дозволеното време за паркирање**:

1.300,оо ден. за сите зони

- Доплатна карта за паркирање на место за лица со посебни потреби:

3.000,оо ден. за сите четири зони

** Сите цени се во денари со вклучен данок на додадена вредност (ддв).

** Доплатна карта е казнен билет кој се издава доколку корисникот на услугите: го надминал дозволеното време за паркирање, не го истакнал билетот, поставил неисправен билет, не е корисник на истакнатиот билет, не извршил плаќање во предвидениот рок  или пак доколку паркирањето не ја почитува хоризонталната и вертикална сигнализација односно доколку неинвалидизирано лице се паркирало на место за лица со посебни потреби.  Ефикасноста на контролата на паркинг процесот е базирана на современи компјутерско- комуникациски технологии. Контролорот има можност да се поврзе со интегрираниот паркинг систем, внесувајќи ги податоците за возилото, има увид дали паркирањето е регистрирано или не. Ако паркирањето е платено, дали времето е истечено или не. Во случај на нерегуларност, контролорот печати доплатен билет (казна) кој што се прикачува на предното ветробранско стакло од возилото, од друга страна, информацијата за казната се внесува во интегрираниот паркинг систем. Системот исто така се користи и за надзор на контролорите: колку возила се проверени, колку казни се издадени и сл.

*** Првото користење на услугата зонско паркирање преку мобилен телефон беше бесплатна во промотивниот период до 1 Октомври 2009 година односно, до тогаш не  беа одземани парични средства од сметката на регистрираниот мобилен телефонски број.