EN МК
Прва страница За нас Контакт Мапа на сајтот
 
зонско паркирање  >  начини на наплата

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ

ДВА НАЧИНА НА НАПЛАТА


Доколку паркирате на некоја од јавните површини наменети за паркирање- зона, плаќањето ќе може да го извршите на два начина: 

  • 1.1 преку испраќање на смс порака на бројот 144 144 или
  • 1.2 со купување на Билет за паркирање во зона

 

1.1 ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ СМС ПОРАКА

Доколку се одлучите плаќањето да го извршите преку Вашиот мобилен телефон, за почеток на
паркирањето треба да испратите СМС порака на бројот 144 144 со содржина:
(смс пораката може да ја испратите од било кој оператор во државата: Т- Мобиле, One или Вип)

„име на зона“  празно место „регистрација на возилото“ *.

* При испишување на регистрацијата, важно е да не оставате празни места или вметнувате други, посебни знаци. Точниот формат кој треба да го ипратите е „SK123AA“; форматите како SK-123-AA или SK 123 AA се невалидни и за истите ќе се смета дека немате извршено уплата за услугата паркирање во зона.

Точниот формат на пораката која што треба да биде испратена на бројот 144 144 е:

„ А3 SK123AA“


Доколку добиете порака со содржина: „Возилото SK123AA е паркирано во зоната A3", може да сметате дека точно сте ја испишале пораката и дека сте извршиле уплата за паркирањето.

Како најава на завршување на услугата паркирање во зона, корисникот треба да испрати порака со која ќе го најави крајот на своето паркирање, пред завршување на дозволеното време за паркирање. Во овој случај содржината на СМС пораката треба да биде:

„S“ (латинично С)

Како одговор на командата за завршување на паркирањето, доколку е правилно постапено, корисникот треба да добие СМС порака која ќе гласи: „Возилото SK123AA го заврши паркирањето во 17:00 часот. Вкупната цена за наплата за овој период е 45 денари”.
(регистрацијата на возилото, зоната и часот се наведени како пример)

** Цената на секоја порака изнесува 5 денари со вкалкулиран данок на додадена вредност (ддв).

 

1.2 ПЛАЌАЊЕ СО КУПУВАЊЕ НА БИЛЕТ ЗА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

Доколку се одлучите плаќањето за Вашето паркирање да го извршите со Билет за зонско паркирање т.н. гребка, истиот ќе можете да го најдете и купите во секој киоск кој се наоѓа во близина на местото за паркирање.

Билетот за паркирање во зони треба да биде видливо истакнат на предното ветробранско стакло од Вашето возило. Претходно треба да го отстраните сивиот дел од часот и минутите кога започнувате со паркинг услугата, како и денот и месецот.

Неистакнувањето или непрописното користење на Билетот, подлежи на санкции во согласност со Одлуката за јавни паркиралишта од значење за град Скопје (објавена во Службен гласник на Град Скопје број 17/08).