ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
ДОЗВОЛЕНО ВРЕМЕ НА ЗАДРЖУВАЊЕ

Ограничувањето на времетраењето на користење на паркинг местото е дел од сообраќајно- техничкото решение на Проектот за зонско паркирање.
При регулирање на сообраќајот во мирување со зонскиот систем на паркирање, времетраењето на услугата паркирање е ограничено односно, во секоја зона одделно, ќе може да се задржите максимум:
-
во првата зона ограничувањето е 120 минути или 2 часа,
-
во втората зона 240 минути односно 4 часа и
-
третата и четврта зона се со неограничено време на задржување.
Доколку сте го искористиле дозволеното време на задржување и сакате повторно да се паркирате во истата зона, ќе мора да измине половина час (30 минути) пред да имате можност повторно да паркирате. |