EN МК
Прва страница За нас Контакт Мапа на сајтот
пријави се за e-mail вести
e-mail

НОВ ПРОЕКТ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
СКОПЈЕ ИЗНАЈМИ ВЕЛОСИПЕД
ОСТАВИ ГО АВТОМОБИЛОТ, ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг- Скопје заедно со својот основач- Град Скопје на 18 Јули 2010 година ја пресекоа, овој пат, зелената лента и официјално го отворија Проектот за изнајмување на велосипеди во Скопје под мотото ОСТАВИ ГО АВТОМОБИЛОТ, ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД“.
 
На последната седница на Совет на Град Скопје се донесе Одлука за давање согласност на Одлука за утврдување на Ценовникот на услугите на ЈП Градски паркинг- Скопје со арх. број 07- 5109/1 од 30 Декември 2009 година, според која јавните паркиралишта во градот Скопје добија нови цени (станува збор за оние паркинг места за кои постои рампа при влез- излез на паркиралиштето односно, затворени јавни паркиралишта) .
ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
ЈП Градски Паркинг- Скопје е јавно претпријатие формирано од Град Скопје.

Постои со цел да го организира паркирањето, да управува, уредува и одржува паркинг места во градот.

 

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
НОВИНА ВО РАБОТЕЊЕТО НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
Јавното Претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг- Скопје со почеток од 19 Април 2010 година започна со поставување на блокатори за тркала- лисици на јавните површини наменети за паркирање односно, на оние јавни површини на кои се користи зонскиот систем на работа.

СЕКТОР ПАЈАК 
РАБОТНО ВРЕМЕ 

Наплата на подигнати, непрописно запрени, паркирани или хаварисани возила од јавни сообраќајни или зелени површини, кои се пренесени до депо на Сектор Пајак се извршува во три смени, секој работен ден, како и сабота и недела односно:

I. прва: од 06.00 до 14.00 часот
II. втора: од 14.00 до 22.00 часот
III. трета: од 22.00 до 06.00 часот

ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ
СЕ МЕНУВА РАБОТНОТО ВРЕМЕ

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг- Скопје го менува работното време на јавните површини наменети за паркирање односно, на оние паркинг места на кои се применува зонскиот систем на работа.
 
Наместо како досега, од 07:00 до 21:00 часот, работното време на оние јавни површини на кои се применува зонското паркирање ќе се одвива од 07:00 до 24:00 часот. Оваа промена ќе трае за време на летниот период односно, од 01 Јуни 2010 до 30 Септември 2010 година.

ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ
Покрај воведувањето на четврта бела Д зона се воведоа и повластени услови за паркирање на правните лица кои гравитираат во зоната.

Проектот за зонско паркирање во градот Скопје се прошири со уште една, четврта, бела Д зона. Оваа нова, бела зона, ќе ги опфати малку пооддалечените населби или Општини како Населба Аеродром, Населба Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Населба Кисела Вода и сл.
На ден 24 Август 2009 година, Понеделник, за граѓаните на главниот град Скопје се воведе еден поинаков начин на уредување на сообраќајот во мирување- зонско паркирање. Што значи тоа? Кои се предностите од ваквиот начин на паркирање?