EN МК
Прва страница За нас Контакт Мапа на сајтот
 
раководни и органи на управување

ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ

РАКОВОДНИ ОРГАНИ И ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ


Согласно Законот за јавни претпријатија (член 1), ЈП Градски паркинг- Скопје врши дејност од јавен интерес.

Јавното претпријатие го основа Совет на Град Скопје.

Во извршувањето на дејност од јавен интерес, се почитуваат принципите на:
-         сигурност во давање на услугите,
-         континуитет и квалитет на услугата,
-         транспарентност, достапност и универзална услуга,
-         заштита на корисниците и потрошувачите. (член 2 од Законот за јавни претпријатија)

Работата на јавното претпријатие е јавна и транспарентна (член 8 од Законот за јавни претпријатија).

Органи на јавното претпријатие се:
-         Управен Одбор
-         Надзорен одбор за контрола на материјално- финансиското работење и
-         Директор  (член 16 од Законот за јавни претпријатија).

 

1. РАКОВОДНИ ОРГАНИ

Со работата на Претпријатието раководи Директор кого го именува односно, разрешува Градоначалник на Град Скопје, врз основа на Јавен конкурс.

Директор на ЈП Градски Паркинг- Скопје
Борче Јакимовски
контакт: b.jakimovski@gradskiparking.com.mk

Помошник Директор се именува односно, разрешува од Директорот на Претпријатието врз основа на Јавен оглас.

помошник Директор на ЈП Градски Паркинг- Скопје
Панче Стојановски
контакт: p.stojanovski@gradskiparking.com.mk 

Советник на Директор се именува односно, разрешува од Директорот на Претпријатието врз основа на јавен оглас.

Советник на Директорот на ЈП Градски Паркинг- Скопје:
Халит Хајдари
контакт: h.hajdari@gradskiparking.com.mk

 

2. ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ

Органи на управување кај јавното претпријатие се: Управен Одбор, Надзорен одбор за контрола на материјално- финансиското работење и Директор (член 16 од Законот за јавни претпријатија).


2.1. УПРАВЕН ОДБОР

Во Управниот одбор, Основачот именува односно, разрешува претставници од редот на афирмирани и познати стручни лица во областа на предметот на работење на јавното претпријатие имајќи ја предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на сите заедници.

Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот Одбор не може да биде подолг од четири години. Членството неможе да биде помало од пет односно, поголемо од петнаесет членови.

Врз основа на Законот за локална самоуправа (член 36) и Законот за јавни претпријатија (член 17 и член 26), Советот на Град Скопје носи Одлука за именување на Управен како и Надзорен Одбор за контрола на материјално- финансиско работење.

Со Одлука за именување членови на Управниот Одбор на ЈП Градски Паркинг- Скопје, број 07- 3368/6, донесена на шестата седница на Совет на Град Скопје, одржана на 10 Септември 2009 година, се именувани:

- Тодор Димитров
- Владимир Змејковски
- Ристе Стефановски
- Љубен Костовски
- Зоран Дончев
- Трене Софковски
- Екрем Дарлишта
- Зулќуф Саити
- Ѓоко Филиповски


2.2. НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Со Одлука за именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално- финансиското работење на ЈП Градски Паркинг- Скопје, број 07- 3369/6 донесено на шестата седница на Совет на Град Скопје, одржана 10 Септември 2009 година, именувани се:

- Драгољуб Ристевски
- Никола Богоевски
- Наџип Бачевац
- Рената Донева
- Емруш Металари