ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
ПОДИГАЊЕ НА ВОЗИЛО ОД ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА
При подигање на возило од зелена површина, ЈП Градски Паркинг- Скопје е задолжен да издвојува износ од 1 500,00 денари, од секое подигнато возило, средства кои што ги префрла на сметка на ЈП Паркови и Зеленило (Заклучок од 17- та седница на Совет на Град Скопје, одржана на 26 април и 23 мај 2006 година).
Во истиот Заклучок, втора точка, овие средства, ЈП Паркови и Зеленило се задолжува да ги користи исклучиво за обновување и одржување на зелените површини во градот Скопје.
Подигањето на возила од зелен појас се врши по налог на комунален инспектор на Град Скопје или пак по налог на општински комунални инспектори од оние Општини со кои Претпријатието има склучено Договор за соработка.
|