ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОВЛАСТЕНИ ПАРКИНГ БИЛЕТИ
Физичките лица (станари, лица со инвалидитет) можат да ги користат површините за паркирање по повластени услови за што овластеното Претпријатие издава повластен паркинг билет.
КАТЕГОРИЈА СТАНАР

Потребни документи со кои се потврдува жителскиот статус (односно, се добиваат повластени услови за паркирање на јавно паркиралиште од затворен тип за оваа категорија на корисници) и кои треба да се достават до Секторот за корисници се:
1. Пополнето Барање за издавање повластена паркинг картичка 2. Фотокопија од лична карта (оригинал на увид) 3. Фотокопија од сообраќајна дозвола (оригинал на увид)
Основ за стекнување повластена електронска паркинг картичка за станари претставува важечка лична карта и важечка сообраќајна дозвола, под услов адресата на живеење на сопственикот на возилото од личната карта да е идентична со адресата од наведената сообраќајна дозвола, и во случај кога подносителот бара користење на површина за паркирање за автомобил кој е под лизинг. Повластена електронска картичка за категоријата станар може да биде издадена за максимум две возила.
Цената за овој вид повластена паркинг картичка изнесува: - за едно возило- 250, 00 денари - за второ возило- 500,00 денари
КАТЕГОРИЈА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ (ИЛИ ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА)

Документи кои треба да се достават до секторот за грижа на корисници се следни:
1. Пополнето Барање за издавање повластена паркинг картичка 2. Лична карта (со пополнета Согласност за давање на увид односно, фотокопија од личните податоци- Лична карта и Сообраќајна дозвола) 3. Сообраќајна дозвола (со пополнета Согласност за давање на увид односно, фотокопија од личните податоци- Лична карта и Сообраќајна дозвола) 4. Фотокопија од Решение за степен на инвалидитет издадено од надлежен орган (оригинал на увид) 5. Потврда од лекар 6. Членска книшка
Целосно се ослободуваат од плаќање на услугите за користење на јавните паркиралишта инвалидите со признато оштетување со дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато оштетување од 80% предвидени со член 108 точка 8 од Законот за јавни патишта („Службен весник на РМ“ број 26/96;40/99;96/00;29/02;68/04;31/06).
Картичката за користење на јавните паркиралишта кои што ги одржува и користи Претпријатието на овие лица им се издава бесплатно. (член 6 од Одлуката за утврдување на Ценовникот на ЈП Градски паркинг- Скопје) |