ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, Јавното претпријатие Градски паркинг - Скопје, на својата интернет страна објавува листа на информации од оваа категорија како и одговорно лице кое постапува по Вашите барања.

Барателот пристапот до информација може да го бара усно, писмено или во електронски запис.

Ако барателот  бара пристап до инфомација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува записник, освен ако се работи за информации кои се  исклучок од слободен пристап до информациите, одредени со закон. 

Писменото барање, барателот го доставува до архивата на имателот на информации. Барањето во електронска форма се смета за писмено барање. 

Писменото барање се доставува во форма на образецот на Барање за пристап до информациите од јавен карактер, пропишана од директорот на Агенцијата. 

Лице за контакт за пристап до информации од јавен карактер: Андријана Тренкоска- Митренцева

е-маил: infogradski@gradskiparking.com.mk

Телефон: 02 30 91 072, лок. 203

 

Лице овластено за постапување по пријави од укажувачи: Елизабета Атанасова

е-маил: infogradski@gradskiparking.com.mk

Телефон: 02 30 91 072, лок. 140