Кариера

kariera_naslovna

 

Мисијата на ЈП Градски паркинг е да излезе во пресрет на потребите на граѓаните и ефективно и ефикасно го реши проблемот во делот на паркирањето на територија на Град Скопје. Делувајќи во насока на непристрасно обезбедување паркинг место за сите, како и грижејќи се за добрата состојба на паркиралиштата со кои стопанисуваме. ЈП Градски паркинг овозможува паркирањето да стане полесно!

ЈП Градски паркинг е претпријатие посветено на развој, одржување и подобрување на квалитот на услугите кои ги нуди и континуирано се стреми да овозможи достапност до паркинг место за сите граѓани кои имаат потреба од тоа. Во остварувањето на желбата за достигнување на високите стандарди во дејноста паркирање како основа за досегашниот но и идниот развој, главна улога имаат имплементација на ефективни новитети како и отвореноста за прием на стручни и способни кадри кои ќе придонесат ЈП Градски паркинг да остане претпријатие од доверба.