Мисија

Наша мисија е да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните и ефективно и ефикасно да го решиме проблемот во делот на паркирањето на територија на Град Скопје. Делувајќи на тој начин и преку процесот на непристрасно обезбедување паркинг место за сите, ние истовремено се грижиме и за добрата состојба на паркиралиштата со кои стопанисуваме. ЈП Градски паркинг овозможува паркирањето да стане полесно!


Визија

Ние сме јавно претпријатие посветено на развој, одржување и подобрување на квалитот на услугите кои ги нудиме и континуирано се стремиме да овозможиме достапност до паркинг место за сите граѓани кои имаат потреба од тоа. Нашата желба да ги достигнеме високите стандарди во дејноста паркирање е нашата основа за досегашниот како и за идниот развој и имплемнтација на ефективни новитети. Ние продолжуваме да се движиме на патот на успехот со што ќе се оправда довербата кај граѓаните и ќе останеме претпријатие од доверба и истакнат стопанственик со голем дел од јавните паркиралишта на територија на град Скопје.

 
Цел

Целта на нашето јавно претпријатие е да излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да допринесе за општо добро на сите, со посебна грижа за животната средина. Со делувањето на поголем дел на територијата на град Скопје, наша цел е да го подобриме нивото на сообраќајна култура на граѓаните во делот на паркирањето, преку искоренување на нивните лоши навики за пренамена на тротоарите и сообраќајниците од пешачка во сообраќајна паркинг зона. Истовремено, со добрата местоположба на паркиралиштата, паркинг зоните со кои стопанисуваме, како и  катната гаража, нашата цел е да допринесеме до значително намалување на метежот во сообраќајот на главните и споредните сообраќајници во Скопје.

Едоставно, повеќе место за сите!