ЕЛЕКТРОМОБИЛИ- CITY ELECTRO MOBIL

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје континуирано работи на целосна имплементација на „Еко проектот“ кој е уште познат и како „Грин проект“ кој вклучува набавка на нови велосипеди, со систем за самоизнајмување, и елетромобили. Оваа фаза на имплементација на „Грин проектот“ ќе го опфати проектор Електромобили т.е. CITY ELECTRO MOBIL коj претставуваат значаен новитет, како за претпријатието така и за Град Скопје и граѓаните.

Јавното претпријатие набави вкупно 5 (пет) електромобили чија примарна цел е подигање на Еко свеста кај граѓаните, како и туристичко разгледување на главниот град. Со електромобилите, на граѓаните и на посетителите на градот,  ќе им се овозможи достапност до сите туристички локалитети лоцирани  во непосредна близина на паркинг просторот каде истите ќе бидат поставени т.е. на паркиралиште „Плоштад Македонија“.За таа цел Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите заинтересирани корисници дека посетата на туристичките локалитети ќе биде организирана со туристички водич.

 Начинот на изнајмување на електромобилите ќе биде организиран и со систем за самоизнајмување согласно Правилникот за изнајмување и користење на електромобили кој е во подготовка. Електромобилите официјално ќе бидат пуштени во употреба на 01.04.2014 година, доколку тоа го дозволат временските услови.

Деталите околу  ценовникот на услуги за истите, ќе бидат дополнително објавени.