ЈАВНО ПАРКИРАЛИШТЕ КАТНА ГАРАЖА

 

Катни гаражи

Катните Гаражи се објекти лоцирани во центарот на Скопје, чија единствена цел е да обезбедат јавен паркинг простор за потребите на граѓаните и на објектите во поблиско опкружување.

Катната Гаража „26ти Јули“ е прво јавно паркиралиште од овој тип, со кое стопанисува Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје. Таа претставува сигурно место за паркирање без временско ограничување, со прифатливи цени и слободно паркинг место во секое време.

Катната гаража располага со 445 паркинг места, од кои 17 паркинг места се наменети за лица со попреченост. 
Катната гаража „26ти Јули“ е лоцирана во централното градски подрачје, на местото на стариот цветен пазар, во непосредна близина на Музеј на Град Скопје.

 

Катната гаража „Беко“, втор објект од ваков тип со кој стопанисува ЈП Градски паркинг - Скопје, лоцирана е во строгиот центар, на ул.Даме Груев бр.14, во близина на ТЦЦ Плаза.

Гаражата е од современ тип, со капацитет од вкупно 605 паркинг места за возила, вклучувајќи 16 паркинг местата за лицата со попреченост и 3 паркинг места за родители со мали деца.

Паркирањето се одвива на вкупно шест катa надземно и два подземно ниво. На приземјето и на првиот кат се предвидени деловни простории, а другите катови се наменети за паркирање. 

Влезот во катната гаража за лесните моторни возила е од североисточната страна на објектот преку подземната улица која води до првото подземно ниво на гаражата.

Излезот од гаражата е од првото подземно ниво преку подземната улица, на југоисточната страна на објектот, директно на улицата Даме Груев. Движењето на возилата по катови се одвива преку спирална рампа.

Поволности

Катните гаражи нудат поволности во однос на времето и цената за паркирање. За да се стекнете со одредените поволности според категоријата корисник потребно е да пополните форма од образецот

БАРАЊЕ - ДОГОВОР и да ги исполнувате услoвите за категориите: правен субјект, вработен во правен субјект и/или физичко лице.

Ценовник

За да добиете информации во врска со ценовникот на услуги на јавните паркиралишта кликнете тука.