РАБОТНА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ ХРИСТОВСКИ СО АМАР ДАУТ


Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, Бојан Христовски со претставници од претпријатието,

денеска одржаа состанок со Директорот на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните установи, Амар Даут,во кабинетот на Директорот Даут. 

Главна тема на средбата беше разгледување на проблемите на паркингот во кругот на Клиничкиот Центар Мајка Тереза и

разгледување на можни решенија за проблемот со непрописното паркирање и метежот што го предизвикуваат возилата при влез и излез од паркингот. 

Во таа насока, резултат од оваа средба треба да биде изнаоѓање на најсоодветно решение кое ќе биде во корист на граѓаните и корисниците на паркинг услуги

во кругот на клиничкиот центар.

Директорот Христовски истакна дека, изминатиов период, тој лично се труди и работи на наоѓање соодветни решенија со цел олеснет пристап до и од паркинкот.