ОД ДЕНЕС НОВИ НАМАЛЕНИ ЦЕНИ НА ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

 

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните и своите корисници дека од денес се воведуваат нови цени за паркинг услугите на зонско. Новите цени се намалени и се однесуваат на час паркирање, а ќе важат за сите зонски паркинзи со кои стопанисува претпријатието.

Новите цени се:

   - Зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, 
   - Зона А од 50 се намалува на 40 денари,
   - Зона Б од 40 на 30 денари,
      а во - Зони Ц и Д од 30 на 25 денари.  

Мерката за намалување на цените е воведена со цел да се излезе во пресрет на граѓаните во услови на Ковид и економска криза, зголемени ени на горивата,зголемени цени на основните производи и сл.

Истакнуваме дека од денес, се воспоставуваат зголемени контроли на паркираните возила на терен. За таа цел денес, Директорот Христовски одржа состанок со сите шефови на смена на зонско паркирање.

Од нив се очекува поголем ангажман на терен и воведување поголема контрола на паркираните возила. Со тоа би се спречиле сите нерегуларности и  злоупотреби од страна на корисниците.

Нашата цел е да се регулира наплатата на услугите и сообраќајот вомирување, а секое нерегулирано паркирање, ќе биде санкционирано.

Апелираме до корисниците уредно да испраќаат СМС пораки за паркирање или да истакнат греб картичка на предното ветробранско стакло.