Известување за работно време за 1 Мај и Велигден


Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај и најголемиот Христијански празник Велигден, на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје нема да се врши наплата во среда 1.5.2024 и понеделник 6.5.2024.

Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември.

Редовна наплата ќе се врши на:

-          Зона А0 Водно,

-          Катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“

-          Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, а на сите верници од православна вероисповед им ги честита Велигденските празници со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!“