СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА ЗА СЕЧЕЊЕ СУВИ ГРАНКИ, ДРВА И ГРМУШКИ
Почнувајќи од 10.3.2022 год. па се до денес, 16.3.2022, ЈП Градски паркинг- Скопје, во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило, работеше на уредување (кастрење, сечење и кроење) на гранки, грмушки и дива ограда, на повеќе локации т.е. на паркиралишта со кои ние стопанисуваме.
Имено, се сечеa гранки и стари и суви дрвја кои претставуваа опасност за околината и при посилен ветер постоше можност да паднат и да оштетат возила или повредат пешаци. Акциите се спроведоа врз основа на донесени Решенија од страна на Град Скопје на следниве локации:
- Зона Ц46 – лоцирана кај зградата на МРТ,
- Зона Ц19 – лоцирана кај Универзална сала,
- Зона Д62- на мостот кај парк улицата кај ресторан „Балканика“
- Кочо Рацин– лоциран спроти Црвен Крст и
- 8 Септември – лоциран кај Градска Општа Болница 8 Септември.
Исто така, во соработка со екипи за одржување на јавната хигиена и чистота од Општина Центар по завршување на акцијата за сечење и кастрење гранки се исчисти паркингот „Кочо Рацин“. Останатите локации беа исчистени од страна на екипи на ЈП Градски паркинг- Скопје, кои редовно се грижат за одржување на хигиената и јавната чистота на паркиралиштата со кои ние стопанисувме.