Гостување на Директорот Христовски на Сител Тв

Денес Директорот Христовски беше гостин на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ, каде што зборуваше за проблемите со паркирање со кои се соочуваат граѓаните, за намалувањето на цените на услугите, како и за новите мерки за решавање на проблемите.

Околу намалувањето на цените на зонските паркинзи, за час паркирање, Директорот посочи дека нашата цел е да се излезе во пресрет на граѓаните во период на економска криза, а не со цел да се намали хаосот во градот со паркирање. Во моментот, сите паркинзи се преоптеретени со возила и цените воопшто не би влијаеле. Исто така, Директорот истакна дека сега за сега намалувањето на цените нема да ги опфати катните гаражи, од две причини: технички- административни причини и затоа што се објекти и нивното одржување чини многу.

Во врска со нови мерки и мисијата на претпријатието, Христовски истакна дека започнати се преговори за креирање на зонско паркирање. Првично, би се реализирале проекти во Карпош 1 и Карпош 2, а веќе реализирани се средби со Градоначалниците на Карпош Јакимовски и на Кисева Вода Ѓорѓиевски. Исто така, предвидено уредување на зонско паркирање има и за Аеродром, делот на Ново Лисиче и Гази Баба. 

На прашањето како граѓаните да се заштитат кога не им се процесираат пораките за паркирање, директорот изјави: „Ние користиме услуга од економски оператот кој сервисира и овозможува праќање смс пораки за плаќање на паркинг, а економскиот оператотор тоа го прави преку телефонските оператори. Вината не се знае каде е, не е лоциран проблемот. Многу често има проблем со неможност да се испрати порака. Тоа е проблем со конекција со мобилните оператори, но сепак треба добро да се испита.“ 

Директорот апелираше граѓаните да внимаваат дали добиле повратна порака за паркирање и да се обратат во нашите кол центри, кај контролорите на терен или кај нивните мобилни оператори. Додаде дека нудиме и греб картички за плаќање на паркирање.

Христовски најави нови решенија поврзани со смарт паркирање, апликации, паркомати и слично. 

Видео од гостувањето на Директорот Христовски можете да го погледнете на следниот л и н к.