Имаат ли возачите сообраќајна култура?

 

Утрово, во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ, гостуваше Помошник раководителот на сектор паркиралишта Мато Гласновиќ, а тема на разговор беше правото на паркирање на места обележани за лицата со попреченост и мерките што се преземаат против лицата кои без дозвола се паркираат на тие места. Гласновиќ потенцираше дека доколу било кој корисник на нашите услуги се паркира на обележано место за лица со попреченост, а нема дозвола за таа категорија, службите на претпријатието поставуваат блокатор, а по еден час од поставувањето на блокаторот го отстрануваат со пајак возило.

Исто така, на кратко објасни дека право на повластена дозвола за паркирање за лицата со попреченост имаат одредени категории, а аплицирањето е секоја година од 01.10- 30.11. Во делот на паркирање на тие паркинг места во катните гаражи, Гласновиќ истакна дека сите несовесни возачи се опоменуваат, а доколку по две опомени корисникот продолжи да се паркира на местата за лицата со попреченост, тогаш се пристапува кон раскинување на договорот за паркинг услугите. 

Видеото од прилогот на Сител Тв, можете да го погледнете тука.