13 Ноември 2023: ЈП Градски паркинг- Скопје бележи 20 години од основањето

На 13 ноември 2023 година се бележат 20 години од постоењето на  јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје. Целиот изминат период, започнувајќи од денот на основањето, претпријатието работи посветено и во служба на граѓаните.

За симболиката на овој ден да биде уште поголема, на истиот ден- 13 Ноември, се одбележуваат 79 години од ослободувањето на Скопје.

За таа цел, ЈП  Градски паркинг – Скопје организира крводарителска акција која ќе се одвива на истиот ден – 13.11.2023 година, понеделник, со почеток во 8:30 часот. Крводарителската акција ќе се одвива во деловните простории во катна гаража „Беко“ на ул. „Даме Груев“, на приземје, поточно на влез кај рампата за симнување во катна гаража „Беко“.

Пoраката на оваа крводарителска акција во чест на годишнината на ЈП Градски паркинг- Скопје и празникот на Градот Скопје е јасна: Да бидеме борбени, силни и успешни, притоа незаборавајќи на човечноста и хуманоста која треба да се споделува меѓу нас.