На 1 ноември започнува процедурата за прибирање документација за лицата со попреченост, за повластено паркирање, за календарската 2024 година

 

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека на 1.11.2023 година (среда), започнува процедурата за прибирање на барања од страна на лицата со попреченост (ЛП) за користење на повластени услуги за паркирање за календарската 2024 година.

За таа цел, ги повикуваме лицата со попреченост, жители на град Скопје, во периодот од 1.11.2023 – 1.12.2023 година, да достават уредно пополнето Барање и во прилог да ги достават следните документи:

1. Копија од важечка сообраќајна дозвола со која с еутврдува дека возилото е регистрирано

2. Лична карта од лицето со попреченост на увид

3. Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагмоза во оригинал, не постара од 1 (еден) месец

4. Инвалидска книшка на увид

5. ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид

6. Лекарски наод од специјалист на увид. 

Лицата кои веќе се имаат стекнато со дозвола за повластено паркирање за ЛП за календарската 2023 година, при поднесување на документација за наредната 2024 година, потребно е да ги достават само документите наведени под реден број 1, 2 и 3.

Исто така, согласно „Програма за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје од страна на лица со попреченост за 2024 година“, право за повластено користење имаат лицата со следните дијагнози:

-          Дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското  и инвалидското осигурување на Македонија.

Ги повикуваме сите заитересирани лица да ја достават потребната документаци во канцеларијата на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 15а (во зградата до катна гаража „Беко“), во период од 1.11- 1.12.2023 година.  Доколку лицето со попреченост не е во можност лично да ги достави документите, тоа може да го направи негов роднина или близок, со потпис од корисникот на барањето и комплетната документација во прилог.

За сите дополнителни информации, можете да се обратите на контакт телефон:  02/ 321 55 66, лок. 201, 203, 206.

Образецот Барање- Договор за лице со попреченост можете да го најдете тука.