ЈП „Градски паркинг“- Скопје воведува зонско паркирање на територија на општина Карпош

ЈП „Градски паркинг“- Скопје ги известува граѓаните дека е започнато воведување на зонско паркирање на територија на општина Карпош.

Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост.

Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден. Работното време на паркинг зоната е: од понеделник- сабота од 07:00-23:00ч., а недела и државни празници се неработни т.е. нема се врши на наплата за услугата паркирање.

Корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во нашата нова канцеларија, започнувајќи од вторник, 07.11.2023. Работното време на канцеларија Карпош, која се наоѓа на ул. „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота од 09:00- 17:00 часот. Недела и државни празници се неработни.

Корисниците може да ги добијат сите дополнителни информации на контакт тефонот: 02 305 13 24 и мобилен: 070 30 91 44, а писмено може да се обратат на меил адресата: kancelarija.karposh@gradskiparking.com.mk