Канцеларија  Карпош на нова локација


Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека ЈП „Градски паркинг“- Скопје ќе изврши промена на локацијата на работните простории на претпријатието што се наоѓаат на територија на општина Карпош.

Новите работни простории на канцеларија Карпош се наоѓаат на ул. „Борка Талески“, бр. 67, позади Млечен ресторан, и ќе започнат со работа во четврток на 2.5.2024. Корисниците на нашите услуги ќе може да се обратат во канцеларијата секој работен ден и тоа:

-          понеделник- петок: 08:00-20:00 часот и

-          сабота: 09:00- 17:00 часот,

или на контакт телефоните: 070-309-144, 02-305-1324 и на меил: kancelarija.karposh@gradskiparking.com.mk.