УРЕДЕН ДРВОРЕДОТ ОКОЛУ ЈАВНОТО ПАРКИРАЛИШТЕ НАРОДЕН ФРОНТ

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје во соработка со екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, спроведоа заедничка акција за уредување на јавното паркиралиште Народен фронт.

Искастрени се дотрајаните стари гранки на дрвјата, како и оние кои сметаат при паркирање на возилата, а истите се отстранети од паркиралиштето со возила на јавното претпријатие.

Оваа акција е спроведена по барање на граѓаните кои секојдневно го користат ова јавно паркиралиште.