Од 1.10.2023 започнува зимското работно време на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2023 год. (недела) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: 

-          Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;

-          Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На  јaвната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:

-          Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот. 

Исто така, од 01.10.2023 се врши промена на работното време и на јавните паркиралишта:

-          Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ каде услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.

Апелираме до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.