ВО ТЕК Е ПРОЛЕТНОТО УРЕДУВАЊЕ И ДЕТАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СИТЕ ПАРКИРАЛИШТА

Деновиве вработени во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје продолжуваат со акција на детално чистење на сите паркиралишта  и катни гаражи со кои стопанисува претпријатието.

Направено е генерално чистење на катните гаражи и останатите јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање- зонско, а во тек е и кастрењето на дотраените гранки на дрвјата околу паркиралиштата и паркинг зоните, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“.

После генералнота акција, претпријатието продолжува со редовно одржување на паркиралиштата со кои стопанисува.