Историјат
За да им се овозможи на граѓаните на град Скопје како и на посетителите на главниот град да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност во мозаикот на сообраќајот во главниот град, Град Скопје се потруди брзо и економски прифатливо за сите, да го реши проблемот, а истовремено и желба на сите граѓани, лесно да стигнат до слободно паркинг место. Со тоа се допринесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.
Со таа цел, Градот Скопје на Седница на Советот на Град Скопје, донесе одлука за основање на Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје чија основна дејност согласно Законот за јавни претпријатија, Член 1, е да врши дејност од јавен интерес. Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје е основано на 13.10.2003 година.