ОБРАСЦИ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

За корисниците на услугите за паркирање на јавните паркиралишта и на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје се нудат одредени поволности за категориите станар и вработен кај правен субјект. Останатите корисници имаат право на аплицирање доколку се заинтересирани за понудените категории и доколку ги исполнуваат потребните услови. За да аплицирате со цел да се стекнете со правото на користење на услугата за паркирање потребно е да пополните форма од образецот  БАРАЊЕ-ДОГОВОР  (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!) и да се достават потребните документи според категоријата на аплицирање и тоа:

1. КАТЕГОРИЈА СТАНАР

  • Важечка лична карта - на увид
  • Валидна возачка дозвола - на увид 
  • Сообраќајна дозвола

За да се стекнете со оваа повластената паркинг дозвола потребно е адресата на живеење на сопственикот на возилото да гравитира на јавното паркиралиште т.е јавната површина наменета за паркирање за кое аплицираа и да е идентична со адресата од сообрќајната дозвола. Во случај кога возилото е набевено по пат на лизинг, адресата на живеење да е идентична со адресата од договорот за лизинг и доколку адресата на живеење не е идентична со адресата на паркиралиштето потребен е договор за закуп за живеалиште на таа адреса. Принципот за стекнување со ова право е еден стан-две возила.

2. КАТЕГОРИЈА ВРАБОТЕН КАЈ ПРАВЕН СУБЈЕКТ

  • Важечка лична карта - на увид
  • Сообраќајна дозвола
  • Валидна возачка дозвола - на увид
  • Потврда за постојан работен однос кај правниот субјект
  • Образец М-1/М-2 на увид
  • Тековна состојба од Централен регистар на Р.М. на увид

Со оваа повластена дозвола право на стекнување имаат лица вработени кај правни субјекти чии седиште од решението за упис во Централен регистар гравитира на јавното паркиралиште т.е јавната површина наменета за паркирање за кое аплицираат.

Останати категории корисници:

3. КАТЕГОРИЈА ПРАВЕН СУБЈЕКТ

  • Сообраќајна/и дозвола/и
  • Тековна состојба од Централен регистар на Р.М.
  • Барање на меморандум со наведен список на сообраќајни дозволи од возилата

Со оваа категорија право на стекнување има секој правен субјект што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона на јавните површини т.е јавните паркиралишта наменети за паркирање.

4. КАТЕГОРИЈА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

  • Важечка лична карта - на увид
  • Сообраќајна дозвола

Со оваа категорија право на стекнување има секое физичко лице што има потреба од користење на паркинг услугите на одредена зона на јавните површини т.е јавните паркиралишта наменети за паркирање.

5. КАТЕГОРИЈА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

  • Важечка лична карта- на увид
  • Копија од сообраќајна дозвола
  • ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување- на увид
  • Лекарски наод од специјалист- на увид
  • Потврда од матичен лекар за точно наведената дијагноза- оригинал
  • Членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица- на увид
  • Пополнет образец Барање- Договор. 

 

Лицата со попреченост со утврдена дијагноза односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90%, се стекнуваат со бесплатна Картичката за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Гостинска карта

Гостинската карта е тип на паркинг карта наменета за физички лица- гости кај корисник на услугите на ЈПГП кој веќе се стекнал со повластената категорија корисници- станар на определена зона- јавна површина наменета за паркирање со која стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје, зони А,Б, Ц и Д.

За да се стекнете со гостинска карта потребно да го пополните пропишаниот образец (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!), да го доставите во кол центрите и да ја уплатите потребната сум според ценовникот на услуги на ЈПГП.

За активирање на гостинската карта станарот е обврзан да изврши уплата најдоцна еден ден пред да ја користи услугата.