основни информации
На ден 24.08.2009 година, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје воведе уште еден, поинаков начин на регулирање на паркирањето- зонско паркирање. Целта на зонското паркирање е да се овозможи непрекинато циркулирање во сообраќајот, особено во делот паркирање.
Континуираното зголемување на метежот во сообраќајот допринесе до потребата од означување паркинг простор- зона, покрај коловозните ленти и на градските улици. Ваквиот пристап на паркирање овозможи драстично намалување во изгубеното време во барање слободно место за паркирање.