Органи на управување
- Органи на управување: Со работа на Јавното претпријатие раководи Директор кого го именува, односно разрешува Градоначалник на Град Скопје.
В.Д. Директор на Ј.П Градски паркинг- Скопје
Мартин Гаврилски
УПРАВЕН ОДБОР на Ј.П Градски паркинг- Скопје
Орган на управување на претпријатието е управниот одбор.
Членовите на управниот одбор ги именува односно разрешува Советот на Град Скопје.
Управниот одбор на претпријатието се состои од дванаесет членови.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор изнесува 4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.
НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Орган за вршење контрола на материјало- финансиско работење на претпријатието е Надзорниот одбор за материјално-финансиско работење.
Надзорниот одбор го именува односно разрешува Совет на Град Скопје со Решение за именување односно разрешување членови на Надзорен одбор.
Надзорниот одбор се состои од пет члена.
Времетраењето на мандатот на членовите на надзорниот одбор изнесува 4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.