СЕКТОР ПАЈАК

 

За секторот

Основна дејност на Сектор „Пајак“ е преместување и одстранување на непрописно паркираните возила по налог на овластено лице (сообраќајна полиција или комунален инспектор) на територијата на Град Скопје.
Службата на „Сектор Пајак“ има задача да се грижи за регулирање на сообраќајот во Град Скопје, да помага при расчистување на сообраќајниците и овозможување на полесен проток на сообраќајот.
Истовремено, Сектор „Пајак“ по налог на комунален инспектор отстранува возила од зелени површини и дислоцира хаварисани возила.

Секторот располага со вкупно 8 (осум) специјализирани возила „пајак“

Работно време

Подигање т.е отстранување на возила и наплатата на подигнати возила кои биле непрописно паркирани се врши секој ден т.е. 24 часа, седум дена во неделата.

Ценовник

За да добиете информации во врска со ценовникот на услуги на јавните паркиралишта кликнете тука.