Начин на наплата
Постојат два начини на наплата на јавните површини наменети за паркирање и тоа:
1. Безконтактна електорнска чип картичка - лесно и едноставно! Потребно е само да ја поставите безконтактната чип картичка до читачот на влезот т.е излезот од паркиралиштето. За да се стекнете со картичка потребно е да исполнувате одредени услови. За повеќе информации отворете тука – ОБРАСЦИ и ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ.
2. Бар кодови - При влез на јавната површина наменета за паркирање, потребно е корисникот на лице место да земе бар код што е должен да го чува до крајот на целокупното времетраење на паркирањето. Пред да го напушти јавното паркиралиште, корисникот е должен да го приложи влезниот бар код на наплатниот пункт и да плати за искористената паркинг услуга, со што ќе се овозможи напуштање на јавното паркиралиште.
ВАЖНО! За секој изгубен бар код корисникот му се наплаќаат 500 денари.