Работно време за 1 Мај, Меѓународен ден на трудот
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет на 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на јавните површини наменети за паркирање- зонко, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје нема да се врши наплата во петок 1.5.2026.
Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Зоил и 8 Септември.
Редовна наплата ќе се врши на:
- Зона А0 Водно,
- Катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“
- Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани им го честита 1 Мај.