Работно време на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје за време на „8 Септември“

Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на денот на празникот „8 Септември“, државен празник, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на:

-          Зона А0- Водно,

-          Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и

-          Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“- Скопје на сите граѓани им го честита Денот на сувереноста, независноста и самостојноста на Република Северна Македонија.