СПРОВЕДЕНА АКЦИЈА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА ЛОЦИРАНИ ВО ДЕПОТО НА СЕКТОР ПАЈАК ВО ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“- СКОПЈЕ
Службите на ЈП „Градски паркинг“- Скопје, во соработка со Инспекторатот на Град Скопје, спроведоа акција за отстранување на хаварисаните возила лоцирани во депото на Сектор пајак, во согласност со Законот за управување со дополнителни текови на отпад.
Во депото на Сектор пајак на ЈП „Градски паркинг“- Скопје, долг времески период се одлагаа хаварисаните возила за кои претходно беа спроведени акции за нивно отстранување од јавните површини на територија на Град Скопје и од површини со кои стопанисува претпријатието. Бројот на хаварисаните возила драстично се зголеми, од причина што нивното одлагање во депото на Секторот пајак започна пред повеќе од 15 год.
Со таа цел, врз основа на законските регулативи и акти на претрпијатието, ЈП „Градски паркинг“- Скопје склучи договор со колективен постапувач и започнувајќи од минатата недела, отстранети се вкупно 23 отпадни возила, од вкупно 70, лоцирани во депото на Сектор пајак.
Истовремено, истакнуваме дека претпријатието работи на акционен план за отстранување на околу 100 возла кои узурпираат јавни површини на територија на Град Скопје, како и на паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје. На овој начин, претпријатието, во соработка со Град Скопје, ќе ослободи просторот кој со децении е зафатен од возила кои не се во возна состојба, а истовремено се заборавени од нивните сопственици.

