ЈП Градски паркинг- Скопје во соработка со општина Чаир за отстранување хаварисани возила

 

Денес, општина Чаир започна акција за отстранување на хаварисани  и напуштени возила на територија на општината, а акцијата ја спроведува во соработка со ЈП Градски паркинг- Скопје.

Претпријатието и општината склучија договор за деловно техничка соработка со цел подигање и преместување на неисправни, оштетени и хаварисани возила од територија на општината. Возилата ќе се дислоцираат до претходно утврдени локации од страна на општината, а постапката ќе се врши во присуство на овластено лице- комунален инспектор, исто така од општина Чаир.

Со акцијата за отстранување на хаварисаните возила ќе се ослободи јавен простор и повеќе паркинг места, а ќе се подобри и квалитетот на животот на граѓаните.