Известување за ажурирање на податоците на Договорите за услуги на ЈП Градски паркинг- Скопје за јавно паркиралиште „Кочо Рацин“


Ги известуваме корисници на паркинг услугите на јавното паркиралиште Кочо Рацин, по основ на категориите: станар, вработен во правен субјект, правно лице и физичко лице, дека претпријатието ќе започне со ажурирање на податоците со цел продолжување на договорите на корисниците кои ги исполнуваат условите.

Потребно е секој корисник да ги достави соодветните документи согласно Договорот за услуга, т.е. категоријата корисник во канцеларија Центар на ул. „Ѓуро Стругар“, 15а, Скопје, најдоцна до 23.05.2025, секој работен ден, од понеделник- петок, во период од 08:00-15:30ч.

Ги повикуваме сите корисници навремено да ги достават потребните документи во предвидениот рок. Во спротивно, ќе сметаме дека не се заинтересирани за користење на услугите, по што ќе се пристапи кон исклучување на картичките за влез и излез од паркиралиштето.

Ви благодариме на соработката.