ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“- СКОПЈЕ ДЕЛ  ОД ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТО СКОПЈЕ

ЈП Градки паркинг- Скопје се приклучи на големата еко акција за чистење и на јавните површини, во која заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, јавни претпријатија, училишта, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Директорот на претпријатието, заедно со вработените, се вклучија во чистење на кејот на река Вардар, со единствена цел- создавање трајни навики за почиста околина, побезбеден простор и живот.

Исто така, упатуваме апел до сите граѓани, да фрлаат отпад на јавни простори и заедно да се грижиме за почиста околина и одговорно однесување кон животната средина

Претпријатието ќе биде дел од секоја наредна акција, заедно  со граѓаните и институциите.