Нова зона Д12 и нови дигитални услуги за нашите корисници
Денес, Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Орце Ѓорѓиевски, Градоначалникот на општина Аеродром г-дин Дејан Митескии в.д. директорто на ЈП Градски паркинг- Скопје, го означија почетокот на нов, современ начин на користење на услигите на претпријатието како и стартот на новата зона за паркирањена зона Д12, лоцирана во Реонски Центар, Општина Аеродром, која ќе зажочне со работа во среда, 1.4.2026.
Уредувањето на зоната се одвиваше во фази, од причина што станува збор за поголема површина, а најпрвин по добивање на сообраќајното решение се пристапи кон уредување на јавната површина со поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација со што во функција се ставаат вкупно 1302 паркинг, плус 32 наменети за лицата со попреченост, што значи дека зоната брои вкупно 1334 паркинг места. Зоната ги опфаќа улиците 1612 и 1613 т.е Реонски Центар.
Во поглед на правото на паркирање, станарите ќе имаат можност за дозвола за две станарски возила бесплатно, а со право на паркирање ќе се стекнат и вработените во правни субјекти кои гравитираат на зоната, како и правните и физичките лица. Сите корисници кои ќе се стекнат со дозвола, ќе имаат можност да паркираат на зоната за која е издадена дозволата. За останатите за час паркирање ќе се наплаќа по 25 ден/час.
Во исто време додека се работеше на подготовките за пуштање во употреба на зона Д12, претпријатието работеше и на процесот на воведување на нов начин на доставување на барања за паркирање т.е. доставување на барања по електронски пат. Тоа значи дека корисниците на нашите услуги од 1.4.2026 добиваат можност барањата за дозвола за паркирање, покрај досегашното доставување на шалтерите на претпријатието, да ги доставуваат и по електронски пат.
Можноста за електронско доставување на барањата, како и потребната документација, граѓаните ја добиваат преку линкот: moj.parking.mk, а ќе може да поднесат барање за сите паркиралишта стопанисувани од страна на Градски паркинг- Скопје, што вклучува: зонско, паркиралишта со рампа и катни гаражи.
Исто така, покрај електронскиот начин на доставување на барањата, на нашите корисници им овозможуваме и плаќање на месечните и/или годишните дозволи преку истиот линк, со што значително им се олеснува регулирањето на нивните месечни или годишни дозволи.
Ги повикаме сите корисници на нашите услуги, особено новите корисници од зона Д12, да ја искористат можноста први да достават барања за регулирање на паркирањето по електронски пат
