Денес и утре ќе се врши дератизација во катните гаражи „26 Јули“ и „Беко“
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје ги известува корисниците на услугите на катните гаражи „26 Јули“ и „Беко“ дека денес и утре ќе се врши дератизација, со цел заштита од глодари.
Процесот за дератизација ќе се спроведе со поставување на мамци во заштитени кутии, поставени на секој кат на повеќе локации. Кутиите не претставуваат опасност за миленици, деца и возрасни.
Постапката ќе започне денес, 06.05.2026, од 12:00 часот во катна гаража „26 Јули“ и утре 07.05.2026 во катна гаража „Беко“.