Известување за состојбата на лифтовите во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“
ЈП Градски паркинг – Скопје ги известува корисниците на услугите во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ дека лифтовите во моментот не се во функција поради технички причини.
Претпријатието ги презеде сите неопходни мерки и активности за отстранување на настанатиот проблем и за повторно ставање во употреба на лифтовите во најкус можен рок.
Им се извинуваме на сите корисници за настанатите непријатности и Ви благодариме за разбирањето и трпението.
За повторното ставање во функција на лифтовите, јавноста и корисниците ќе бидат навремено известени.