НОВИ ДИГИТАЛНИ УСЛУГИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ
Корисниците на услугата паркирање на ЈП „Градски паркинг“- Скопје веќе ја имаат можноста барањата за дозвола за паркирање, покрај досегашното доставување на шалтерите на претпријатието, да ги доставуваат и по електронски пат.
Можноста за електронско доставување на барањата, како и потребната документација, граѓаните ја добиваат преку линкот: moj.parking.mk а ќе може да поднесат барање за сите паркиралишта стопанисувани од страна на претпријатието т.е. зонско, паркиралишта со рампа и катни гаражи.
Исто така, покрај електронскиот начин на доставување на барањата, претпријатието им овозможува на своите корисници и плаќање на месечните и годишните дозволи преку истата апликација.
Ги повикуваме сте наши корисници активно да ја користат можноста за доставување на документацијата, како и плаќањата да ги извршуваат по електронски пат, со што значително им се олеснува пристапот до нашите административни услуги.
.png)