Одложен почетокот на зонското паркирање на зона Д12- Реонски Центар
По насоки од Град Скопје и Општина Аеродром и во интерес на граѓаните и нивното барање за одложување на почеток на зонското паркирање на зона Д12- Реонски Центар, Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје, ги известува граѓаните дека се пролонгира започнувањето со работа на зоната, предвидено за 01.04.2026, се до комплетирање на сите неопходни активности.
Тоа подразбира целосна усогласеност на сообраќајниот проект за зонско паркирање за новата зона Д11- Ново Лисиче и поставување на соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација.
Целта е имплементацијата на зонското паркирање во овој дел од градот да биде комплетна, правична и паралелна, без притисок и прелевање на проблемот со паркирање од една во друга зона.
Се надеваме дека во текот на месец мај, 2026, ќе се отпочне со реализација на зонско паркирање во двете суб зони Д11 и Д12.
Истовремено, го одлужуваме процесот за прибирање на потребната документација од заинтересираните корисници за паркирање.