Почитувани граѓани,

 

Како јавно претпријатие кое работи во служба на граѓаните, ја поздравуваме одлуката донесена во координација со Општина Аеродром и Градот Скопје, која директно произлегува од реакциите и потребите на граѓаните на Општина Аеродром. Во таа насока, останува да важи правилото: секој корисник на станарска дозвола ќе има право да се паркира на сите зони на територија на општината без надомест, како што беше претходно најавено. 

ЈП „Градски паркинг“ останува општествено одговорно претпријатие – ги слушаме граѓаните, постапуваме транспарентно и носиме решенија кои обезбедуваат фер, достапно и функционално паркирање за сите.

Продолжуваме со уредување на паркинг-просторот, проширување на капацитетите и воведување на дигитални услуги, со цел подобар квалитет на живот во нашето Скопје.

Исто така, како што најави Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, во тек е подготовка за воведување на нова зона за паркирање во Ново Лисиче, каде ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг места. Повеќе информации на линкот. 


Ви благодариме за довербата.