Работно време на ЈП „Градски паркинг“- Скопје за празникот Рамазан Бајрам


Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на денот на празникот Рамазан Бајрам 10.4.2024, среда, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на:

-          Зона А0- Водно,

-          Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и

-          Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

 

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам, со желби за мир, среќа и благосостојба.