Работна средба на Директорот Христовски со Градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски

 

 Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, Бојан Христовски и раководителот

на „Секторот Пајак“ Александар Стоилевски  денеска одржаа состанок со

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, во кабинетот на Градоначалникот.

Во рамки на работната средба се разгледуваа неколку практични опции, со цел,

решавање на проблемот со паркинг местата и блокираните тротоари каде се движат пешаците.

Во таа насока, резултат од оваа меѓуинституционална соработка треба да биде изнаоѓање на

најсоодветно решение, во полза на жителите на Општина Карпош и решавање на

сообраќајниот метеж,  кој особено се создава во реонот каде што општина

Карпош граничи со општина Центар.