РАБОТНО ВРЕМЕ НА ПАРКИРАЛИШТАТА СО КОИ СТОПАНИСУВА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“- СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ИЗБОРИ НА 24.4.2024


Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор на претседател на државата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во среда, 24.4.2024 нема да се врши наплата.

Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември.

Редовна наплата ќе се врши на:

-          Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза и

-          Катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“

Почитувајќи ја одлуката на Владата на РСМ, административните простории на претпријатието и канцелариите Центар, Аеродром, Карпош и Илинден, во среда 24.4.2024 нема да работат.